Македонската трејсер студијa ќе користи прашалници кои ќе ги пополнуваат самите испитаници (онлајн прашалници).

Секој од испитаниците (завршените ученици/студенти) на својата e-mail адреса, ќе добие линк до онлајн прашалникот за истражувањето.

Во електронската пошта испратена од страна на претставници на Министерството за образование и наука, ќе биде содржан и единствен пин код за секој испитаник поединечно, со којшто пин код испитаникот ќе пристапи на онлајн формата на прашалникот.

Онлајн прашалникот е составен од неколку типа на прашања:

  • прашања на кои концизно се одговара со одбирање на еден од понудените одговори,
  • т.н. отворени прашања, на кои се одговара со впишување краток одговор
  • прашања со повеќе можни одговори, на кои испитаникот одговара со одбирање на неколку од понудените опции.

Бидејќи кај ваквиот вид на прашалници не се потребни спроведувачи на интервјуа, прашањата се добро развиени и тестирани за да тие им се јасни на испитаниците и може лесно да одговорат на нив без да имаа потреба од дополнително објаснување.