Анкетирањето на поранешни учесници и студенти во образовни програми најчесто се нарекува трејсер студија или истражување на јавното мислење на поранешни ученици и студенти. Во некои земји се користат и термините како анкетирање на алумни (во САД), анкети за следење или систем за следење на кариерата на поранешните ученици/студенти.

Македонската трејсер студија содржи прашалник кој користи прашања и стандардизирани одговори кои веќе се тестирани и користени во многу претходни анкети, со што се овозможува квалитет на мерките (валидност и веродостојност) и се исполнуваат условите за споредливост на резултатите од анкетата.

Како и секоја друга трејсер студија, така и Македонската трејсер студија треба да даде одговори на следните прашања:

  • Што се случува со учениците/студентите по завршувањето со образованието и нивното напуштање на образовната институција?
  • Дали можеле да најдат платена работа во некој прифатлив временски рок?
  • Дали го користат знаењето и вештините кои ги стекнале во образовната институција? Ако не, зошто?
  • Кои вештини и компетенции се бараат на пазарот на трудот?

Ваквите прашања вообичаено се опфатени со двете главни цели на трејсер студијата:
1. Да ја измери вработливоста на завршените ученици/студенти (информации од пазарот на трудот). Клучни поврзани теми:

  • Состојба со вработувања;
  • Време потребно да се дојде до првото вработување;
  • Времетраење на барањето работа;
  • Плата/ приход;
  • Позиција;
  • Економски сектор;
  • Главни работни задачи/задолженија;
  • Работно време;
  • Задоволство од работата;
  • Примена на компетенциите и потребни компетенции;
  • Корисност на наставната/студиската програма.

2. Да добие директен повратен одговор (feedback) од завршените ученици/студенти заради подобрување на студиската програма (ретроспективна евалуација)