Често поставувани прашања (ЧПП)


Кои пребарувачи можам да ги користам?
Сите пребарувачи кои што содржат јава скрипт може да се користат. Со користење на различни пребарувачи изгледот на прашалникот може да биде различен.

Зошто морам да го внесам кодот за пристап (ПИН)?
Кодот за пристап (ПИН) се користи како сигурност дека само луѓето што се дел од примерокот ќе учествуваат во истражувањето. Исто така кодот ви дозволува да го исклучите прашалникот во било кое време и подоцна повторно да продолжите логирајќи се со истиот.

Што ќе се случи со моите одговори?
За време на собирањето на податоци од истражувањето, Вашите одговори ќе бидат зачувани во база со податоци на сервер на образовната институција. Личните податоци, како вашата адреса и е-маил адресата нема да бидат зачувани во базата на податоци со цел да се запази анонимноста на Вашите одговори.

Кога се зачувуваат податоците?
Податоците ќе бидат зачувани само кога ќе ја напуштите страницата со притискање на копчето "Претходна страница" или "Наредна страница".

Дали можам да ги изменам моите одговори?
Можете да ги измените Вашите одговори во секое време. Само последната избрана опција за секое прашања ќе биде зачувана во базата со податоци.

Дали можам подоцна да продолжам со истражувањето?
Може да го ислучите прашалникот во било кое време. Ако подоцна продолжите, сите претходни одговори ќе бидат зачувани.

Дали можам да бидам идентификуван преку податоците како образовна програма и институција?
При презентирање на резултатите ќе се осигураме да не може ниту една индивидуа да биде препознаена. Ако на пример во една образовна програма има само една жена матурант/дипломец, резултатите нема да бидат одделени по пол.

 

Оваа страница ќе биде редовно апдејтирана за време на траење на истражувањето.