Македонската трејсер студија се фокусира само на една група на завршени ученици/студенти. Фокусот е ставен на една прилично хомогена група на ученици/студенти кои завршиле со образованието во исто време (генерација или група на матуранти/дипломци). Ваквата група се нарекува кохорта, како на пример генерација 2014 година, или матуранти/дипломци 2014/2015 година.


Македонската трејсер студија ги вклучува истовремено завршените ученици во средното стручно образование и студентите од високообразовните институции.

Клучни поврзани теми:

  • Понатамошно образование и обука (образовани патишта);
  • Потреба за натамошно образование и обука;
  • Евалуација на наставната/студиската програма /обука;
  • Слабости и јаки страни на /наставната/студиската програма /обука;
  • Предлози за подобрувања.